Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, и објави „војна“ на пластиката во државните институции.
– Помалку пластичен отпад – почиста животна средина! Државните институции повеќе нема да користат пластична амбалажа. Пластичните шишиња, сламки, пластични чаши и прибор за еднократна употреба, нема да се користат во ниедна од државните институции, објави Шекеринска на Фејсбук.