На неколку институции се јавував секој ден за училиштето во Заполжани, можеби им „се качив на глава“, објави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана во заминуавање, Радмила Шекеринска.
– Но, даде резултат! И нема повредна награда од детските насмевки кога денес потврдивме дека обезбедивме средства за целосна реконструкција на училиштето. Благодарност до колегите Мила Царовска и Горан Милевски, швајцарската влада и Пелагонискиот плански регион кои помогнаа во овој потфат, објави Шекеринска на својот профил на Фејсбук.
Убаво е кога политичарите „на глава им се качуваат“ на институциите да завршат некоја работа, а уште поубаво е кога институциите нормално си функционираат и ја завршуваат секоја работа без „качувања на глава“ од функционери на високи позиции.
(Д.Г.)