Мали, прекрасни и мили – одвишни се други зборови за да се опише чувството што го доживеав попладнево при посетата на дечињата во мали групни домови заедно со Мила Царовска во Битола, твитна вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Објавата на Твитер се однесува на посетата на деца кои се згрижени во семејни домови. И, дотука е се во ред, односно до границата кога и бебиња се злоупотребуваат за политички цели и промоции.
И тоа не остана незабележано од граѓаните, па веднаш на твитот на Шекеринска имаше реакција од друг корисник на Твитер:
– Злоупотребувате деца за политички цели… се наведува покрај останатото во коментарот под твитот на Шекеринска.
Добро е тоа што децата се згрижени и имаат топол дом. Но, подолг период тоа се користи за секојдневни политички промоции, а ова сликање за да се покаже „топлина“ пред јавноста е политичка злоупотреба од службени лица и политичари кои треба да ги штитат децата токму од тоа.
(Д.Г.)