Борбата против корупцијата се води низ транспарентност, слобода на медиуми, и судски пресуди за случаи на висока корупција, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Сето тоа беше мислена именка во претходната власт, а со оваа власт на трите теми покажуваме промени, напиша Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.

Но, едно се желбите на власта за корупцијата, а друго е реалноста. Ако за претходната власт борбата против корупцијата беше мислена именка, за актуелнава власт е само обичен глагол за самопофалби во секоја прилика.

Граѓаните, сепак, имаат и свои очи, а не само уши да ги слушаат самопофалбите на власта!

(Д.Г.)