Сојузничките сили на НАТО од 1 мај започнуваат да се повлекуваат од Авганистан, објави вечерва министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Ова е одлуката од денешниот министерски состанок на НАТО. Македонската Армија учествуваше со над 2700 припадници во мисијата ИСАФ и со над 400 припадници во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Сојузничката мисија во Авганистан завршува, но поддршката на НАТО за мирот и безбедноста во Авганистан продолжува, објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.