Добредојде за министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Веи Фенгхе, се вели во добредојдето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за нејзиниот кинески колега од кого побарала помош во битката со коронавирусот.
– Се согласивме дека победата над пандемијата бара соработка од сите земји во светот – ниту една држава не може да ја искорени пандемијата доколку целиот свет не се заштити. Побарав од кинескиот министер да се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во С. Македонија, објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.
Како што објавивме, министерот Фенгхе денеска е во официјална посета на Република Македонија.