Ние овде успеавме да ја надминеме длабоката поделеност во општеството, ја зголемивме минималната плата, отворивме 60.000 нови работни места и станавме дел од НАТО, изјави денеска вицемпремиерката Радмила Шекеринска.

– На панел дискусијата за бенефитите на ЕУ од интеграцијата на Западен Балкан истакнав дека прогресивците, партиите од социјалдемократска ориентација, можеме да ја смениме и ја менуваме реалноста, вели Шекеринска во објавата на Фејсбук.

Бројката на нови работни места неколку недели е заглавена на шеесет илјади, како бројчаникот „Зоран Заев“ на Порта Македонија што е заглавен на нула вратени денари на граѓаните од ветената голема операција за враќање на парите од криминалот кај граѓаните.

Шекеринска можеби има и бројки колку млади се отселија од Македонија додека таа е вицемпремиерка и министерка за одбрана, но не соопштува такви бројки, ниту пак колку од младите „што ги избрка режимот“ успеаја да ги вратат назад во Македонија.

(Д.Г.)