За само две и пол години успеавме нашата држава од изолирана да ја направиме сигурна членка на најмоќниот сојуз. Повеќе не сме сами ниту во добро ниту во лошо, изјави носител на листата на ИЕ5, Радмила Шекеринска од СДСМ и коалицијата „Можеме“.
Пред две и пол години Шекеринска додаде дека ветија членство во НАТО, и тоа го испорачаа. За само две и пол години, појаснува, државата станала членка на најмоќната воено-политичка алијанса.
-Зборот е збор, истава година добивме почеток на преговори со ЕУ, после 11 изгубени години. За само двеипол години успеавме да станеме членка на НАТО, да почнеме преговори со ЕУ да ги зголемиме платите и пензиите три пати да ја покачиме социјалната помош и да ги враќаме парите кон граѓаните. За само двеипол години граѓаните повторно се слободни, а медиумите и критични и секогаш ослободени од притисок од власта, рече Шекеринска.
Според неа, ако не се излеле на гласање на 15 јули, тоа може да остане уште една неискористена шанса бидејќи, појаснува, со ВМРО-ДПМНЕ на власт Македонијa во ЕУ нема никакви шанси.
-Дајте ни доверба за да ги завршиме докрај работите, влеговме во НАТО можеме и во ЕУ. Ги решивме суштинските, клучни, стратешки прашања за државата. Сега со иста енергија, страст, сила и храброст ќе се справиле со проблемите врзани со првната држава. Обезбедивме правичност сега е време за ред и правда, дајте ни доверба да го завршиме започнатото, додаде Шекеринска.