Само денес ја славиме, а сите денови треба да ја практикуваме, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, за волјата на народот и денешниот меѓународен Ден на демократијата.

Само денес ја славиме, а сите денови треба да ја практикуваме. Demos kratos (волјата на народот). Да ја чуваме, негуваме, развиваме демократијата, објави Шекеринска на Фејсбук.

Министерката Шекеринска е во право. И очекуваме кажаното да го применува и во практика, заедно со останатите владејачки структури. Или да се премине од зборови на дела.