Во последните 24 часа се направени 1.404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19, деветмина починати и 104 оздравени пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).

Новите случаи на Ковид-19 се реистрирани во: Скопје 50, Куманово 6, Штип 4, Прилеп 5, Тетово 7, Струга 3, Велес 1, Битола 4, Охрид 2, Гостивар 1, Струмица 9, Крива Паланка 1, Кочани 1, Берово 1, Делчево 2 и во Кичево 1.

„Починати се девет лица – од Крива Паланка (52), двајца од Гостивар (60 и 62), од Куманово (60), од Велес (70), двајца од Скопје (71 и 23), двајца од Струмица (29 и 44). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти“, соопшти попладнево МЗ.

Досега во Република Македонија се направени вкупно 167.760 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.925, бројката на оздравени пациенти е 13.418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.