Прв случај на дете заразено со КОВИД-19 е забележан во скопска градинка, потврдија за МИА од Министерството за труд и социјална политика.

Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје.

Телма јавува дека родителите го однеле во градинка само на денот кога се отворија, а во јасли таму било само еден час на адаптација. По некој ден тие им јавиле на негователките дека нема да го носат во градинка, затоа што не се чувствувало добро , јавуваат од градинката 13 ноември од Центар, а пренесува Телма. Симптомите поради вадење на заби, сепак родиле сомнеж дека можеби станува збор за присуство на вирусот. И кај едно годишното дете а и кај родителите по направениот тест е потврден КОВИД – 19. Вчера е направена епидемиолошка анкета во јаслената група во градинкиата, па и децата и двете негователките од денеска се во самоизолација.