Прв случај на дете заразено со коронавирусот е забележан во скопска градинка, а оваа информација ја потврди и Министерството за труд и социјална политика, дознава Сител.

Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор.

Во домашна изолација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното дете.

Владата на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија ковид-19, на 9 септември 2020 година.

Оттогаш, па досега беа регистрирани 3 заразени воспитувачки во Скопје, Битола и Свети Николе.