Со НАТО ќе донесеме рекорден број странски инвестиции, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
– Се посветуваме на трансформација на македонската економија. Минималната плата и за време на кризата ќе остане 14 500 денари а до крајот на мандатот ќе ја покачиме за 40%. Покажавме дека можеме, бидејќи за само 2,5 години ја покачивме за 58%. Просечната плата до 2024 ќе порасне до 30%. Домашните фирми ќе ги поддршиме уште повеќе, а со членството во НАТО ќе донесеме рекорден број странски инвестиции, објави Шекеринска на Фејсбук.