Пријателството меѓу РСМ и САД е темелот на нашето членство во НАТО, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
– Денеска имаме висок гостин – генерал мајор Џозеф Џерард, заменик командант на американските сили во Европа. Со нетрпение ги очекуваме припадниците на 15. инженериски баталјон од американските сили во Европа кои наскоро ќе пристигнат на Криволак и заедно со нашите инжинерци ќе работат на изградба и дополнување на инфраструктурата на полигонот во пресрет на заедничката вежба Одлучен удар 21. Ми беше драго што денеска чув иста решеност и иста верба дека концептот за вежбата што заеднички го развиваме веќе подолго време, ќе се реализира, објави Шекеринска на Фејсбук.