Денеска е потпишан договорот за набавка на антиковид вакцини со кинескиот производител „Синофарм“. Првите 200.000 дози се очекува да пристигнат овој месец. Министерството не даде детали за датумот на пристигнување и наведувајќи ги глобалните практики, велат дека договорот ќе остане тајна. Министерот Венко Филипче рече дека првите дози ќе бидат доволни за медицинскиот персонал кој е на првата борбена линија.

Вакцините на Синофарм се чуваат и дистрибуираат на температура од 2 до 8 целзиусови степени, а е спакувана во претходно наполнет шприц, а тоа ја олеснува примената на самата вакцина. Министерот за здравство рече дека иако вакцините задоцниле, кога ќе започне имунизацијата, таа нема да престане бидејќи залихите ќе доаѓаат една по друга. Тој ги отстрани дилемите за квалитетот на вакцината, но не кажува ништо за нејзините можни несакани ефекти.