Изминатите триесетина години најупотребуван збор во многубројните политички битки во нашата земја беше зборот „демократија“, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.
Таа во продолжение во пораката преку Фејсбук додава:
– Затоа да си ја честитаме денес на Меѓународниот ден на демократијата. Најсилно политичко оружје во рацете на граѓаните. Никогаш да не го испуштиме!- пишува Шеќеринска.
Но, денеска е и еден непризнат празник во календарите, а останат во колективната меморија на македонскиот народ и граѓаните во Македонија. Денеска е познатиот „на 15 септември“ на Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на СДСМ, партијата на која сега Шеќеринска е потпретседател. Датумот е синоним за големи ветувања (по еден вработен од секоја фамилија) кои никогаш не се случија.
Е, па, ајде да го прифатиме повикот од Шеќеринска: Среќен денот на демократијата… „на 15 септември“ или Бранковден.