Од денеска 1.200 припадници на Армијата се опремени со нова спортска опрема, која опфаќа тренерки, атлетски патики, водоотпорни шушкавци и спортски чорапи.

До крајот на годината, во неколку етапи, сите припадници на нашата Армија ќе добијат од оваа спортска опрема.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска при посетата на касарната Илинден каде беше распоредена дел од спортската опрема рече дека Владата покажала дека вложува во својата Армија и дека доколку се бара од војниците да бидат физички подготвени за тоа треба да им се обезбедат и соодветни услови.

-Успешно завршивме уште еден проект од 2019 година, а тоа е за прв пат да се обезбеди спортска опрема за припадниците на армијата кои согласно законот секоја година мора да ја докажат својата физичката спремност. Армијата мора да да биде физички подготвена, меѓутоа од друга страна армијата треба да има услови за таа физичка подготвеност, истакна Шекеринска.

Министерката информираше дека во првата фаза од новата спортска опрема добија 1.200 припадници на Армијата во касарната Илинден, Генералштабот на Армијата, лесната пешадиска баталјонска група во Штип која е декларирана единица за НАТО и Воената академија. Според неа, во следните денови ќе се започне фтората фаза и до крајот на годината сите припадници ќе ја имаат комплетирано спортската опрема која, како што рече, заедно со инвестициите во спортски справи ќе донесе физички подготвена Армија.

https://www.facebook.com/sekerinska/videos/274269600220880/?sk=h_chr