Вицепремиерката и министерка за одбрана во заминување, Радмила Шекеринска денеска преку Фејсбук го честита Денот на Армијата – 18 август.

– Честит роденден Армијо наша. Нека љубовта и лојалноста кон татковината ти го осветлуваат патот кон иднината, наведе Шекеринска во објавата на Фејсбук.

Таа воедно истакнува дека и чест и гордост што годинава првпат Денот на Армијата – 18 Август го одбележуваме како Армија на земја членка на НАТО.

– Ви благодарам што ме направивте горда министерка за одбрана, додава Шекеринска во објавата.

Во честитката не го пишува името на земјата и армијата на која и честита, но се подразбира дека тоа е македонската армија.