Денеска е и денот кога најпосле влегува во сила Законот за јавно обвинителство. Овој Закон заедно со неколку други закони кои целосно ги усогласивме со препораките на Венецијанската комисија е нова шанса за правната држава кај нас. Ние со одлуката да предложиме и да избуткаме низ Собрание еден ваков Закон за јавно обвинителство покажавме дека најпосле судството го ослободуваме од партиските стеги, истакна денеска во Вевчани, носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска
Посочи дека сега на ред се обвинителите и судиите да покажат дека ќе се ослободат од сите оние кои што удрија печат на криминал, корупција и злоупотреби врз целото судство, ќе се прочистат и ќе покажат дека правдата може да функционира за сите.
– Многу работи во државата се променија, но некои како ВМРО ДПМНЕ, за жал останаа исти. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжи да ги блокира сите позитивни процеси за својата држава, ВМРО – ДПМНЕ сè уште се обидуваше да става сопки на сето ослободување на судството од партиски стеги. ВМРО-ДПМНЕ се уште се опира на шансата да се бориме против криминалот и корупцијата и ВМРО-ДПМНЕ според оние бомби кои што успеавме да ги чуеме навистина до последен момент се трудело да го блокира законот за јавно обвинителство само за да ги заштити своите блиски, своите партиски луѓе, своите бизнис партнери од словото на Законот, нагласи Шекеринска.
Таа истакна дека ВМРО ДПМНЕ продолжува и понатаму да ги потценува и да ги плаши граѓаните и ВМРО ДПМНЕ сè уште бега од дуели, бега од соочувања и бега од ненарачани прашања, За ВМРО ДПМНЕ, МВР е сè уште МВРО.
Во Вевчани, потенцира, денеска ги гледаме резултатите на една многу агилна и активна локална власт која што успева со свои средства, со поддршка од планските региони, но и со поддршка на меѓународните партнери да изгради, да поправи, да реновира, многу од работите кои што останале заборавени во минатото.
– Граѓаните покажаа дека сакаат државата да се променува на подобро. Ние покажавме дека знаеме и можеме да ја менуваме државата на подобро. Обезбедивме поправична држава, обезбедивме членство во НАТО, обезбедивме почеток на преговори со Европската Унија. Обезбедивме повисоки пали и повисоки пензии. Сега од 15 јули ќе ги удриме темелите на целосно правна држава во која законот ќе важи за сите и законот нема да може да се злоупотребува. Обезбедивме за прв пат политиката да ги тргне своите раце од правосудството. Ќе обезбедиме подобар живот и ќе понудиме нова шанса за сите граѓани во нашата земја, порача Шекеринска.