Почнува пријавувањето на болните и изнемоштените лица, кои можат да го искористат своето право на глас на 14 јули односно ден пред изборите.

Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева, изјави дека пријавувањето во просториите на ОИК-Штип почнува од утре (1 јули). Имаат дежурни членови кои ќе ги примаат пријавите. Доставената документација членовите ќе ја разгледуваат заедно со лекари специјалисти.

-Правилникот од  лани, кој излезе во Службен весник, како и полани и на секој избирачки процес важи, и во него се наведува кои луѓе можат да гласат дома, Но, сите оние кои се во самоизолација, изолација или имаат дијагноза Ковид-19 преку полномошник и со решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, нека не информираат за да можеме да направиме една табела и тоа да го доставиме до ДИК, рече Андреева.

Таа посочи дека на 8 јули ќе имаат и дежурство до полноќ, за да можат да се пријават болните и изнемоштените лица.