Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител ги оцени како несериозни обвинувањата од опозицијата за кандидатот за воен претставник во НАТО.

Таа подвлече дека не станува збор за одбивање на кандидатот за воен претставник и оти во ниту еден момент досега не е добиен сигнал дека некој го прекршил законот или направил нешто спротивно на ингеренциите.

– Во моментот ние немаме проблем со одбивање. Воениот претставник за кој се зборува, не е одбиен, само не му е издаден сертификат. Тоа се две различни работи. Никој не вели – луѓето направиле злочин, туку велат – во моментов се уште мислиме дека имаме одредени резерви кои може да не бидат објективни – појасни Шекеринска.

Обвинувањата на опозицијата, како што рече, се несериозни обвинувања за многу сериозна работа.

– Да сум пола од несериозните луѓе во ВМРО-ДПМНЕ денеска би требало да излезам и да кажам дека одговорност треба да понесе ВМРО-ДПМНЕ бидејќи за сите случаи за кои јас знам, тие издале сертификат претходно. Со потписи на нивно луѓе, биле издадени такви сертификати. Ако некој треба да зборува за погрешна проценка, адресата би требало да биде на ВМРО-ДПМНЕ – рече Шекеринска.

Годинава, обврска на државата е да се пополнат и командните места во НАТО каде ќе бидат испратени луѓе со највисоки НАТО сертификати