Во дуелот на Канал 5, Александар Николоски ја праша Радмила Шекеринска, кога Макеоднија ќе почне преговири со ЕУ, односно кога ќе добие датум за преговори со ЕУ. Ако помните, тоа е датумот кој веќе два пати го добивме, ама од друга страна, никако да го добиеме. Прашањето беше:
На кој датум ќе почнеме преговори?
-Не добивме датум, добивме почеток на преговори на 27 март. Не сум баба Ванѓа ниту пак некој во комисијата не е баба Ванѓа да знае кога ќе почнеме преговори среде корона криза-објасни Шеќеринска.
Претходно, Николски на ФБ објави:
-Радмила втора дебата по ред не може да каже кога Македонија ќе почне преговори со ЕУ. Тоа е бидејќи нема ништо и од датумот. Европа не преговара со криминалци кои пикаат пари во торби и кои бараат рекет од 6 милиони евра.