-Ке имам најлесна задача од сите носители. Имам најлесен протвник, во четворката е најмалку направено. До Прилеп не може да се стигне да стигне, зашто новиот е сопрен, а стариот во меѓувреме се уништи. Автопатот кон Скопје не се гради. На автопатот кај Свети Николе две години линијата на средина не можеа да ја исцртаат. Во меѓувреме, наместо резултатити, цветаат корупцијата и криминалот. Затоа ќе го декласираме СДСМ и ќе ќе го победам Заев дома. Победата на гостински терен е најслатка-рече Николоски во емисијата „Само вистина“.

Николоски објаснувајќи ги денешните снимки на поранешниот прв човек на Фондот за здравство Ден Дончев на која тој се гледа како зема пари. Тој убеден дека на врвот на таа пирамида стои Заев и луѓето околу него.

-Дончев е земјак со Заев, мислам дека се и роднини. Јасно е зошто е избран да биде на чело на Фондот на здравство.Постојано има рекет и изнуди, некој се охрабруваат сега да зборуваат, некои ќе се охрабрат по избори. За првпат видовме политичар кој зема пари и си ги става во ташната и влакно не му фали. Заев уште и го брани и се обидува да го спаси-рече Николоски на дуелот со Шекеринска.