Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска денеска преку Фејсбук ја промовира полковник Билјана Блажеска, како прв аѓутант-жена на претседателот Стево Пендаровски.
– На Денот на нашата Армија дозволете ми да ја претставам полковник Билјана Блажеска, новиот аѓутант на Врховниот командант Стево Пендаровски, прва жена во нашата историја на оваа должност. Сите сме горди на Билјана, напиша Шеќеринска во Фејсбук промоцијата.
Веруваме нема да не дојде до забуна, станува збор за АРМ, иако министерката за одбрана во промоцијата пишува само „нашата Армија“.