Имињата на фирмите, кои со месеци користеле електрична енергија која ја плаќале по цена како домаќинства, не ги открива и директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Таа во вечерашната емисија Топ тема на ТВ Телма, тврдеше дека списокот го добиле пред две недели, иако во јавноста се зборуваше дека за планот који го скроиле фирмите, било алармирано уште пред седум месеци.
Лукаревска вели дека никого не штити, и ги чека првичните анализи од финансиската полиција, за како да постапат во иднина.
– Ние не сме имале било каква листа, ако сме имале ќе постапевме, рече Лукаревска.
Таа додаде дека УЈП нема образложение зошто списокот не им бил даден порано, и дека на своја иницијатива ги поканила директорите на финансиската полиција и пазарниот инспекторат, како и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.
Идентитетот на тие што ја злоупотребувале електричната енергија се штити како на малолетници.