Турската серија „Суровиот град“ моментално е една од најгледаните серии кај нас и во регионот, а една од главните женски улоги ја има познатата турска актерка Мине Тугај (42) која ја игра лошата Шениз. Во серијата таа игра арогантна госпоѓа која со своите сплетки ги разгорува скандалите во угледното семејство, но во приватноста таа е скромна но модерна и стилизирана жена исто како и во серијата.

Мине има одиграно околу 30-тина улоги во ТВ серии, играни филмови, но тука се и театарските улоги, реклами и фотосесии. Секогаш изгледа беспрекорно, а доказ за тоа се фотографиите на социјалните мрежи.

Во најновото издание на Инсатграм таа позира во црно боди во бањата каде изгледа ултра згодно, поради што и многу помлади жени би и завиделе на изгледот.

 

Извор: Скопје24.мк