Дипломати од Русија и од САД почнуваат в понеделник во Женева преговори во врска со распоредувањето руски војници во близина на границата со Украин. Од двете страни ќе бидат двајца ветерани од дипломатијата во обид да се спречи криза.
Заменичката државен секретар Венди Шерман ќе се соочи со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков – двајцата имаат повеќе од половина век дипломатско искуство.
Русија размести речиси 100.000 војници во близина на границата со Украина, но вели дека не се подготвува за инвазија и бара од Западот да ја прекине поддршката за украинската влада и да го запре проширувањето на НАТО на исток.
Вашингтон веќе отфрли некои од барањата на Москва. Дополнителен проблем е што Русија испраќа војници за да ги задушат антивладините протести во соседен Казахстан, што предизвика загриженост во Вашингтон.
Пристапот на САД ќе биде прагматичен и ориентиран кон резултати, изјави во средата портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. Претседателите Џо Бајден и Владимир Путин разговараа телефонски минатата недела, а Бајден повтори дека САД и европските сојузници ќе воведат санкции без преседан доколку Русија ја нападне Украина. Путин одговори дека санкциите може да доведат до целосен распад на односите.
Рјабков изјави за Известија оваа недела дека пристапот на Русија е остар бидејќи сите претходни обиди за убедување не успеале. Тој ги повтори барањата на Москва да се запре проширувањето на НАТО, да не се распоредуваат вооружените системи на алијансата во Украина и да се прекинат провокативните воени вежби.
Шерман (72) и Рјабков (61)ќе предводат две делегации во Женева.