Шерон Стоун влезе во седмата деценија од животот и продолжува да привлекува внимание со својот изглед. Актерката го прослави својот 62-ри роденден во март, а во најновите објави на Инстаграм, таа позираше во бикини и ги воодушеви обожавателите.

„Уште сте убави“, „Ме потсетувате дека стареењето може да биде одлично“, „Совршено“, се само некои од коментарите под објавата.

Шерон доживеа мозочен удар во 2001 година на само 43 години, нејзината кариера се распадна, проследена со финансиски колапс и распадот на нејзиниот брак.

 

View this post on Instagram

 

keepin my head together

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on


Поради сето ова, таа исто така се борела со прифаќање на сопственото тело и стареење.

„Никој не разбира колку е опасен мозочниот удар за жените и што е потребно за да се опорави – ми требаа околу седум години“, изјави подоцна Шерон за „Variety“.