Тоа што го бараат Бугарите е лудост. Вие не можете денес да барате од Македонците да се откажат од својот македонски јазик и од својот македонски индентитет. Тоа е веќе формирана нација и Бугарите тука немаат што да бараат и поставуваат услови.

Ова го истакнува претседателот на Српската радикална странка, во интервју во емисијата „Во центар“.

Според Шешељ, Македонците говорат на старо штокавски јазик на кој говореле предците на Словените, а денес на тој јазик говорат и Русите. Тоа е стар јазик од кои потоа настанале и останатите словенски јазици.

Според Шешељ односите меѓу Македонија и Бугарија ќе се решат во една заедничка панславенска унија.

Шешељ вели дека тој не очекува нова војна на Балканот.