Шестгодишното девојче Ешлин од Велика Британија, стана најмладото женско лице, кое го освоило врвот на планината Килиманџаро во Африка.
Подвигот на малата, но силна Ешлин Мендрик, ги воодушеви искусните планинари.
Девојчето одбивало каква било помош за време на искачувањето на надморска височина од 5.895 метри.
Инаку, само две третини од сите што тргнуваат кон врвот Ухуру, успеваат да се искачат.
Таа толку уживала во искачувањето, што две недели подоцна Ешлин повторно се искачила на врвот во Танзанија на поинаков начин.
Ешлин се надева дека еден ден ќе го освои Монт Еверест.
Ешлин е од Западен Сасекс и беше придружувана во експедицијата од нејзината мајка Викторија и нејзиниот 11-годишен брат Николас.
Ешлин најпрво стигна до врвот на 29 септември, што го повтори на 13 октомври.
Првото искачување траело шест дена, а второто пет.
„Ешлин го собори рекордот што го држеше Монтана Кина од САД, и која до врвот стигна минатата година, на седум години и десет месеци. Горда сум на моето дете, тоа беше неверојатно искуство “, вели мајката на Ешлин, Викторија.
Најмладата личност што се искачила на Килиманџаро е Колтон Танер од Њу Мексико , кој во 2018 година го освои врвот на шест години и еден месец и беше само неколку месеци помлад од Ешлин, која, сепак, сега го држи рекордот во женска конкуренција.