Бранителката на титулата во Светскиот куп во алпско скијање, Американката Михаела Шифрин на својот профил на Инстаграм објави дека ќе се врати на патеката за трките следната недела во Оре, Шведска.

Ова е последната серија на трки пред последното коло во Кортина д’Ампецо, Италија.

Шифрин не се натпреварува повеќе од еден месец откако нејзиниот татко Џеф почина на 2 февруари.

Во генералниот пласман на Светскиот куп, Шифрин е втора, откако заостанува 153 бода зад лидероката Федерика Брињоне.