Град Скопје денеска преку соопштение ги повика граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на Божикните празници, со цел да се заштити животната средина и амбиентниот воздух.
Од Град Скопје посочуваат дека апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решиле да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнителното загадување на воздухот во Скопје.