Слончето Мојо во 2016 година, за малку ќе се удавело додека минувало река во Зимбабве. Благодарение на Рокси Дансквертс, тоа било спасено и сместено во прибежиште „Див е животот“.

Засолништето „Див е животот“ има фарма за слонови, а Мојо бил еден од најмладите спасени слонови, со тежина од само 56 килограми, наместо просечните 90 килограми за слон на таа возраст.

Тоа кревко бебе било исплашено и болно кога Рокси го примила. На почетокот, Рокси поминувала цел ден со слончето, буквално 24 часа, дури и спиела покрај ова бебе, за тоа да стекне довербата во неа. И тоа го направила чудесно.

На возраст од 14 месеци, Додо напиша статија за Мојо, велејќи дека е многу сакана, а заборавајќи колку е голема и силна, ја следи Рокси во куќата затоа што толку многу ја сака, а има дури и фотографии од Мојо и Рокси како седат заедно.

Сега Мојо е голема и го надмина својот најголем страв: пливањето, кое е природно за африканските слонови, но заради детската траума низ која помина, Мојо ја заборави оваа инстинктивна животна вештина.

Мојо првично беше прикажан на БиБиСи како едно од чудотворните сирачиња, а Рокси призна дека со оглед на колку време тие споделуваат, разделувањето ќе биде тешко. Најзначајната закана за слоновите е нелегалната трговија со слонова коска, а Мојо одигра клучна улога во убедувањето на претседателот Кси, кој сакаше да ја запознае.

Кина ја забрани нелегалната трговија со слонова коска во крајот на 2017 година, трговија која ја уништува популацијата на слоновите.