Јас сум човек што ги почитува процедурите и од мојата партија ќе побарам кандидатура за втор мандат за градоначалник на Скопје, вели Петре Шилегов во интервјуто за порталот Сакам да кажам.

-Промените кои се случуваа во нашиот град се сериозно видливи во сите урбани полиња. Не само инфраструктурата туку и малку поинаков третман на комуналниот отпад, поинаков третман на јавните површини, како и темелно и студиозно работење на најкомплексните работи. Четириесет години се зборувало за трамвај, а ние сме во завршна фаза на имплементација на Бас рапид транзитот или брзиот автобуски превоз. Законот за задолжување е во Собранието и по основ на тој закон ние некаде во април би можеле да создадеме услови да се распише тендер за негова имплементација и очекувам до крајот на 2023 да биде во употреба. Мислам дека сето тоа ми дава за право да побарам од СДСМ да ја поддржи мојата кандидатура за наредните локални избори за повторен избор за градоначалник на Скопје. Јас сум човек што ги почитува постапките и процедурите и имајќи предвид дека сум политички претставник на политички партија ќе барам легитимитет да добијам од мојата партија. Очекувам дека таков легитимитет ќе добијам, а граѓаните сето ова што го работев изминативе години ќе го верификуваат на локалните избори, вели Шилегов во разговорот за СДК.

Локалните избори во Македонија ќе се одржат во октомври 2021.