Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на Денот на независноста на Република Македонија, испрати свое гледање за патриотизмот:

– Патриотизам е кога работиме за граѓаните, кога обезбедуваме мирна сегашност и светла иднина, порача Шилегов преку Фејсбук.

Тој на денешната Владина прослава пред Школка во Скопје, се појави во свечена кошула со долги ракави, но засукани до лакти, и покажа дека кога градоначалник ќе засука ракави може да каже големи мисли за патриотизмот.

А кога сме кај дефинициите за патриотизмот на Шилегов, треба да се спомене дека сите министри и функционери на СДСМ од „патриотски причини“ го избегнуваа името на државата во чија чест слават, со исклучок на еден нивни поранешен активист. Станува збор за Захир Беќири, познат и како Чауш, кој во честитката го пишува името на државата Република Македонија.