Доколку можев, би му се заблагодарил на секој одделно за пружената поддршка, објави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој се пофали дека има голема поддршка и обожавател(к)и на Фејсбук и другите социјални мрежи на кои бил активен.

– Бројката од 30.000 пријатели на социјалните медиуми е само уште еден доказ дека заеднички веруваме во оваа наша поинаква приказна и дека чекор по чекор секојдневно го менуваме Скопје кон градот кој заслужува да стане. Од сѐ срце сакам да упатам едно неизмерно големо благодарам на сите вас, и продолжуваме понатаму уште поуверено и посилно. Чекор по чекор, Скопје една поинаква приказна, објави Шилегов на Фејсбук.

Можеби ова не е проект како тунелот под Кале, трамвајот на гуми, автобуската постојка за 50-ка кај ГТЦ… Но, сепак е уште еден негов личен проект на социјалните мрежи.