Отпишаните од функционерски фотелји во СДСМ, односно бившите градски и државни функционери кои не се отпишани од државниот список за апанажа вечерва ги поздравија граѓаните.
– Само да кажам здраво…- објави поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов на својот профил на Фејсбук.
Од фотографијата, односно селфито на Шилегов, се гледа опуштена кафанска атмосфера на која седат насмеани со бившата министерки Радмила Шекеринска, Мила Царовска и други.
Веројатно вака насмеани би правеле селфи и илјадници стечајци и работници од фирми кои пропаднале за време на нивниот мандат, доколку и тие би добивале апанажа.