Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е вклучен во бројни филантропски активности од формирањето на својата фондација во 2004 година и досега има изградено педесетина предучилишни установи низ светот.

Неговиот основен фокус на фондацијата е да го подобри образованието за децата, особено на места каде што имаат исклучително ограничен пристап. Во изминатите 15 години, Федерер отвори училишта низ целиот свет. Во Малави, во Јужна Африка, а веќе има изградено над 50 предучилишни установи.

За време на една од неговите посети на училиштата во Малави, Федерер рече:

– Јас сум толку среќен и емотивен што можам да видам одлично образование со ваков квалитет овде – тоа е многу необично. Заедницата е толку посветена да им помогне на децата, тоа е толку важно како основа за учење, рече Федерер.