Подготвил: Дарко ЈАНЕВСКИ

Францускиот публицист, книжевник и новинар Гастон Рутие, есента 1903 година, веднаш по Илинденското востание ја посетил Македонија. Своите впечатоци од Македонија ги објавил во 1904 година во книгата: “:“La qusetion masédoine – on doit au peuple vérité“ (Македонија во делата на странските патописци, 1903, редактор: академик Александар Матковски, Скопје, ММВИИ, 133.)

Освен Македонија, Гастон Рутие ја посетил и Бугарија, каде собирал информации за македонското прашање. Меѓу другите, таму се сретнал со Иван Шишманов – бугарски министер за образование, кој според него бил доста забележителен и образован.

Притоа во разговорот со него во врска со македонското прашање И. Шишманов истакнал:

„По десет години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојата ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци. Тие ќе имаат многу заеднички политички интереси, особено економски, што треба да ги созддаат со својата неуморна работа, ако сакаат да бидат независни од државите што се понапредни од нив и чие производство би го уништило нивното.

Како земјоделци, не ќе им биде воопшто од интерес да се спојат со земјоделските земји какви што се Србија и Бугарија; како индустријалци, ќе сакаат да ја штитат својата индустрија која ќе биде против нашата; нај-после, тие ќе сакаат да ги задржат за себе местата на функционери во нивната администарација и на офицери во нивната војска. Значи, Македонија ќе биде независна и Македонците ќе останат Македонци. Ако Европа го мисли спротивното, таа греши; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии“.

На крај Гастон Рутие заклучува: „Докторот Шишманов ја зборуваше вистината“ и „Македонија на Македонците е најдобра варијанта за да се избегне поделбта на оваа област, толку посакувана, а да не се предизвика сомневање кај големите сили“.