Шкендија загуби со 5:0 на гостувањето во Словенија со Мура, во првото коло од претквалификациите за Лигата на шампионите.

Првиот натпреавар во Скопје заврши со пораз од 1:0 на Шкендија, по што шансите за поволен резултат без минимални, но ваков пораз малку кој очекуваше.

Головите за Мура ги постигнаа Бибичанец во 28 и 45 минута, Клепац во 55 минута, Коус во 64 минута и повторно Клепац во 87 минута.