Македонскиот првак Шкендија обезбеди пласман во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, откако го елиминираше молдавскиот претставник Шериф Тираспол.
На реванш натпреварот во Молдавија македонскиот шампион одигра реми без голови и минималната победа од 1:0 во Скопје беше доволна за место во следното квалификациско коло.
Домаќините во неколку наврати во текот на натпреварот имаа посериозни шанси и се обидоа да постигнат гол, но сепак Шкендија благодарение на добропоставената одбрана и на интервенциите на голманот Костадин Захов ја одржуваше предноста од првиот натпревар.
Следен противник на Шкендија ќе биде австрискиот шампион Ред Бул Салцбург, кој лани беше полуфиналист во Лига Европа.