Интер веќе стапил во контакт со агентите на Лука Модриќ околу евентуален трансфер на најдобриот играч на Светското првенство, пишуваат италијански медиуми.

„Скај спорт Италија“ објавува дека Лука Модриќ сака преселба во Интер, италијанскиот клуб веќе направил и конкретен чекор да го ангажира фантастичниот плејмејкер.

Во Интер веќе се Перишиќ, Брозовиќ, а наскоро трансферот ќе го комплетира и Врсаљко, па јасно е зошто Модриќ не би имал против да го облече црно-синиот дрес.

Модриќ е планот А за Интер, но тешко е за верување дека Реал Мадрид ќе сака да го продаде својот фудбалер со оглед на тоа дека летово веќе се откажа од Кристијано Роналдо.

Ако Интер не успее да го купи Модриќ, планот Б е Артуро Видал од Баерн Минхен за кој подолго време се шпекулира дека ќе се пресели на Меаца.

Доколку нероазурите успеат во намерата да го донесат Модриќ, тоа ќе биде уште еден огромен плус за Серија А која веќе го има Кристијано Роналдо.