Талибанската единица наречена „Бадри 313 баталјон“ беше забележана како патролира во Авганистан со опрема произведена од Америка, и објави една фотографија која изгледа како потсмевање на позната фотографија од Втората светска војна, подигање знаме на Иво Џима.

Пропагандните видеа објавени оваа недела поврзани со талибанците покажуваат војници во малку познатиот баталјон Бадри 313 кои носат американско и сојузничко оружје и опрема, кои најверојатно биле украдени од сојузничките војници додека патролирале во делови од Кабул.

Пропагандната фотографија покажува како членовите на баталјонот Бадри 313 го креваат талибанското знаме на сличен начин како и шесте американски маринци кои го подигнаа американското знаме на планината Сурибачи за време на битката кај Иво Џима во 1945 година.

“Ова беше неодамна откриено, тоа е милиција, талибанска единица за специјални операции распоредена не само во Кабул, туку и на други места, што дава сосема поинаква слика. Повеќе не се само синови на земјоделци и овчари, еден куп верски терористи, туку група на специјални операции кои можат да се споредат, можеби, со најдобрата во светот“, вели Шив Арур, виш уредник и водител на телевизиската програма „Индија Тудеј“.

Специјалната единица Бадри 313 се разликува од типичните талибански борци по тоа што тие повеќе личат на американски војници, со камуфлажа, борбени чизми и панцири. Тие, исто така, носат карабини М4 и возат оклопни Хамви, објави Синклер броадкастинг груп.

„Со оглед на тоа што талибанците сега се на власт, постојат сите причини да се верува дека милицијата може да се зајакне“, додаде Арур. „Очекувајте да видите многу повеќе Бадри 313 за неколку недели и месеци“.

Претседателот и основач на групата Евроазија, Џен Бремер, исто така, објави фотографија од талибанските борци „со нивната нова американска опрема“ во саботата наутро.

Соединетите држави им дадоа на авганистанските сили оружје во вредност од 28 милијарди долари помеѓу 2002 и 2017 година. Но, сега, „се што не уништено, е во рацете на талибанците“, изјави за Ројтерс американски функционер, кој сакаше да остане анонимен.

Запленувањето на американско оружје, како напредни авиони, служи како пропагандна алатка, бидејќи бунтовниците не можат да летаат со авионот без обука.