Израел е целосно одговорен за соборувањето на рускиот воен авион и за загинувањето на екипажот во Сирија, нагласи рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, во телефонскиот разговор со израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман, јавија руски медиуми.
– Сергеј Шојгу истакна дека вината за соборениот руски авиони загинувањето на екипажот е целосно на израелска страна, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Тој нагласи дека поради неодговорна акција на воздухопловните сили се случила трагедија во која загинале 15 руски војници.
– Без оглед на постоечкиот договор за спречување опасни инциденти со Израел, Командата на руската група беше известена само неколку минути пред нападот на израелскиот Ф-16, наведува рускиот министер за одбрана.
Рускиот воен авион Иљушин 20 синоќa беше соборен со ракета од сириски комплекс С-200. Инцидентот се случил за време на нападите на четири израелски авиони Ф-16 врз сириски цели во провинцијата Латакија.