1.363,70 лева за мегават час е цената на струјата со која се тргува на платформата „Ден пред нас“ на Бугарската независна берза за енергетика за понеделник. Ова е апсолутен рекорд од отворањето на берзата. Пиковата енергија (од 9 до 20 часот) е по цена од 1.449,98 лева за мегават час (едно евро е еднакво на два лева).

Кошмарот почна минатата недела – за два дена цените надминаа 1.000 лева за мегават час. Во среда мегават час основна енергија чинеше 1.205,54 лева, а во четврток 1.116,56 лева.