Во камион во британскиот град Есекс пронајдени се безживотни тела на 39 мажи, а уапсен е 25-годишниот возач од Северна Ирска поради сомнеж дека тој го извршил убиството.
Камионот со телата, за кој е утврдено дека пристигнал од Бугарија во неделата, е откриен рано изутринава во индустрискиот парк Вотерглејд.
Полицијата во Есекс соопшти дека меѓу убиените, имало и еден тинејџер.
Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател изјави дека овој трагичен инцидент ја „шокирал и растажил“.
Таа на Твитер напиша дека полицијата во Есекс го упасила возачот и треба да и се овозможи да спроведе истрага
Полицијата нагласи дека работи на идентификување на телата.