Ѓорѓе Давид ја има тригодишната ќерка Сташа, која ја доби со сопругата Ана, а иако имаа складен брак, ова семејство повеќе не живее заедно.

Пред неколку месеци сопругата на познатиот музичар го напуштила станот каде живееле и се преселила кај својата мајка, бидејќи рокерот премногу време поминува на работа.

-Ана во последно време често беше сама, имаше многу обврски околу ќерката и не можеше се сама да постигне. Ѓорѓе доби многу работни ангажмани и никако не сакаше ништо да пропушти. Ана го поддржа во се и мислеше дека ќе го издржи тоа, но тој речиси воопшто не доаѓа дома, само навечер да преспие. Преку ден е со !Ѕвездите на Гранд“, потоа работи како ментор. Често е на разни снимања, па ни за викенд не е слободен, вели изворот на двојката и додава дека на неговата сопруга и е доста тешко.

-Таа е осамена, со него се слуша само на телефон и преку видео повици. За да има помош, Ана му предложи да се пресели кај мајка и на некое време, додека Ѓорѓе не се привикне на таквото темпо на живот. Далеку дека бракот им е во криза, но сега засега функционираат вака, додава изворот за српски Курир.

Инаку, Ѓорѓе Давид живее во станот на мајка си, а неодамна тој во медиумите изјави дека му е најважна стабилноста на семејството.