Норвешка е во шок, откако маж на улица напаѓал со лак и стрела и ранил и убил неколкумина.
Напаѓачот е уапсен, а неколку области биле евакуирани во Норвешка. Полицијата вели дека е рано да се каже дали нападите се поврзани со тероризам.
Засега не е соопштен точниот број на повредени и загинати во инцидентот.
Локалните медиуми јавуваат дека припадниците на елитната полициска единица и армија ја обезбедуваат областа Конгсберг. Тие пишуваат и дека десетина амбулантни возила биле присутни на местото на инцидентот, а два хеликоптери се задолжени за градот.
-Нападите се извршени во широката област на Конгсберг, град со околу 28.000 жители во југоисточна Норвешка, соопшти полицијата.
Министерката за правда Моника Меланд беше информирана за нападот и внимателно ја следи ситуацијата, соопшти Министерството.