Компанијата „Тесла“ (Tesla Inc) ги зголеми цените на автомобилите модел ИКС и модел С за повеќе од 20.000 долари во Кина.
Така, Тесла станаа еден од првите американски производители на возила кој ги покачи цените во услови на зголемени трговски тензии помеѓу САД и Кина.
„Тесла” во голема мера се потпираше на Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот, и имаше за цел да ја зголеми продажбата на своите електрични возила, а планираше и изградба на фабрика во земјата.
Компанијата во мај ја намали цената на модел ИКС за речиси 14.000 американски долари во Кина, откако Пекинг најави значително намалување на царините на увезените автомобили. Кина планираше да ги намали царините на 15 отсто од 25 отсто за повеќето увезени возила од 1-ви јули.
Меѓутоа, Пекинг на 6 јули се откажа од намалување на царините за увоз на автомобили од САД, во рамките на одмаздничките мерки поради тарифите на претседател Доналд Трамп на кинескиот увоз вреден 34 милијарди американски долари.
Во 2017 година, Кина придонесе околу 17 отсто од вкупните приходи на „Тесла“.
Овој производител на електрични автомобили годишно испорачува околу 15.000 автомобили во Кина.
–Зголемувањето на цените ќе ја погоди продажбата, но поради парите што ги губи „Тесла“ мораше да ги покачи цените, бидејќи нема можност целосно да ги неутрализира зголемените трошици за царина, вели рече аналитичарот Ефраим Леви.
Цените на моделите на Тесла, ИКС и С, се зголемија во текот на викендот за 150.000 јуани до 250.000 јуани (за 22.600 до 37.600 американски долари), во зависност од верзијата.