Неколку сантиметри ндостигаа за португалија да си замине дома по натпреаврот со Иран. Откако судијата досуди пенал за Иран во последните минути од натпреварот по проверката со новиот систем, а азиската репрезентација постигна гол и го изедначи резултатот, веќе во следниот напад, Иранците имаа шанса од која не се промашува. За жал на нивните навивачи, топката заврши неколку сантимтри покрај голот и тоа значеше крај за надежите на овој фудбалски тим дека може да направи чудо.
Истовремено,Шпанија успеа некако да го доведе натпреаврот до крај изнудувајќи 2:2 со Мароко, откако на два пати северноафриканската репрезенатација водеше.